Барселона е во големи финансиски проблеми од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а челниците на овој клуб се обидуваат на секој начин да ја решат кризата, но тоа не е така лесно и едноставно.
Кризата во клубот се одрази и на резултатите на теренот бидејќи Барселона оваа сезона игра очајно.
Каталонците веќе испаднаа од Лигата на шампионите, а во домашниот шампионат се само на осмата позиција.
Чави успеа да направи одреден напредок во играта на Барселона, но јасно е дека се потребни големи промени во играчкиот кадар на овој тим и дека ќе треба време за Барса да се врати на самиот врв.
Веќе подолго време се шпекулира за играчите кои ќе се најдат на трансфер листата, а шпанските медиуми пренесуваат дека Чави и Лапорта добиле неочекувана вест од Жерар Пике. Еден од најискусните играчи на
Барселона ги изненади сите со тоа што размислува за крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона.
Пике веќе ги известил Чави и Лапорта дека сака да ја заврши кариерата на крајот од сезоната, но дека е подготвен да игра уште една сезона доколку клубот тоа го побара од него. 34-годишниот дефанзивец има договор до летото 2024 година, но очигледно е дека сака да се посвети на други работи во животот.