Легендарниот голман Петр Чех откри од кого се плашел од редовите на Манчестер јунајтед, дури и во неговите најславни денови…

„Вејн Руни отсекогаш бил тој. Кога игравме против Јунајтед, тој беше вистински кошмар. Можеше да ме лобува од половина терен, беше немилосрден. Тој е секогаш агресивен во пресингот, никогаш не се откажува и не ви дава ниту момент“, изјави поранешниот голман на Челзи и Арсенал и додаде: „Дури и тренерот на голманите секогаш ми го потенцираше Руни. Има многу начини да си „играте“ со противниците и да им го нарушите ритамот, но најдобрите секогаш успеваат да најдат начин да се справат со тоа. Токму затоа сакав да се натпреварувам во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.

Чех и Руни во кариерата се сретнале 27 пати, а најдобриот напаѓач во историјата на „црвените ѓаволи“ славел 10 пати. Чешкиот голман триумфираше во 11 наврати, а шест дуели завршија без победник.

Поранешниот менаџер на Плимут му даде 10 гола на сегашниот голман на хокеарскиот клуб Оксфорд Сити Старс, од кои седум во Премиер лигата. Ниту еден друг играч не постигнал толку голови против Чех.

Текстот Пет Чех откри од кого најмногу се плашел: Беше вистински кошмар е превземен од МАКФАКС.