Тајната не е во скапи третмани или чудотворни маски, туку во паметна ноќна рутина што делува додека спиете. И не, не мора да биде комплицирано – само 5 чекори и неколку трикови и вашата кожа ќе ви биде благодарна.
1. Чистење – најважното „ресетирање“ на денот
Заборавете на реченицата „премногу сум уморна за да ја вадам шминката“. Сè што се акумулира во текот на денот – шминка, прашина, себум и остатоци од SPF – се заглавува во порите и создава хаос. Добар гел, пена или масло за чистење е првиот чекор кон лице што дише.
2. Тоник – малата тајна за одлична рамнотежа
Тоникот или мистот не е само фенси додаток, туку вистинско „освежување“ на кожата. Го враќа pH балансот и го подготвува лицето подобро да ги апсорбира следните производи. Како да му рекле: „Подгответе се, доаѓа луксузна нега!“
3. Серум – мало шишенце, големи чуда
Серумите се како суперхрана за кожата – полни со концентрирани активни состојки. Витамин Ц за сјај, хијалурон за хидратација, ретинол за борба против брчки… Изберете го оној што одговара на вашите потреби и гледајте како вашата кожа го менува расположението за неколку дена.
4. Ноќен крем – партнер за убавина од соништата
Додека спиете, вашата кожа работи прекувремено. Затоа ѝ е потребен богат, негувачки крем што ја обновува и хидрира до утрото. Вистински спа третман, сè од удобноста на вашиот кревет.
5. Крем за очи – мал гест, голем ефект
Најтенкиот и најчувствителниот дел од вашето лице заслужува посебен третман. Ако сакате да се збогувате со темните кругови и отоците, овој крем е задолжителен во вашата вечерна рутина.
Бонус совет: ниеден крем не може да го замени квалитетниот сон. Затоа, погрижете се да спиете 7-8 часа, а ако сакате дополнителен луксуз, заменете ја вашата обична навлака за перница со сатенска. Вашата кожа (и коса) ќе ви бидат благодарни.
фото: принтскрин
Текстот Пет едноставни, но златни чекори што мора да бидат дел од вашата вечерна рутина за убавина е превземен од МАКФАКС.