Некогашниот кошаркар Перо Блажевски е нов тренер на КК Кожув. Легендата на мак – кошарката доби доверба од раководството на овој тим со цел да го подигне нивото на формата на тимот кој не ги оправда очекувањата.

Блажевски беше стратег на вториот тим на МЗТ Скопје, но беше сменет пред извесно време.

Со преземањето на екипата секако новиот тренер ќе посака да направи и промени во играчкиот кадар на тимот од Гевгелија.