„Бугарите во РС Македонија од долги години се објект на дискриминација и тоа не е променето и до денес“, вели Владимир Перев, во телефонска изјава за бугарската редакција на Радио Слободна Европа.

Редовниот колумнист и соработник на порталот „Трибуна“ ги поддржува барањата на официјална Софија и подвлекува дека нивното спроведување треба да биде услов за почетокот на преговорите на РС Македонија за влез во Европската унија.

„Нема никаков сомнеж дека тоа е правилната насока“, вели Перев и додава дека ветото на Бугарија е единствениот начин РС Македонија да биде принудена да ги прифати демократските принципи на Европа.

Перев е еден од потписниците на писмото на македонските Бугари, кои изразија поддршка кон сегашната бугарска позиција кон официјално Скопје.