Барселона и Интер во вторник вечерта го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето.
Големо внимание покрај она што го прикажаа фудбалерите на двата тима, на стадионот „Џузепе Меаца“ привлече и полскиот судија Шимон Марчинијак.
Играчите, тренерот, навивачите и каталонските медиуми на Барселона се жалат на неговото судење.
Ѕвездата на Барселона, Педри, се огласи и ја повика УЕФА да го истражи овој натпревар.
„Ова не е прв пат овој судија да нè оштети. УЕФА треба да започне истрага. Секоја ситуација што беше 50-50 одеше во корист на Интер. Некои работи не ги разбирам и тешко ми е да ги објаснам“, рече Педри.
Неговите тврдења беа повторени во изјава за медиумите од тренерот на Барселона, Ханси Флик, но тој не побара истрага.
Но ништо нема да се промени. На 31 мај, Интер ќе го игра финалето на Лигата на шампионите во Минхен против ПСЖ.
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ потсети дека односот меѓу полскиот судија Марцињак и Реал Мадрид е „пријателски“, а тие извлекоа и видео на кое тој има торба со логото на кралскиот клуб во соблекувалната.
Марчинијак го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа година за Реал.
Текстот Педри: Ова не е прв пат Марчинијак да не оштети е превземен од МАКФАКС.