Симптомите што се јавуваат кај новозаразените со мутантниот сој омикрон, се сосема различни од оние предизвикани од оригиналниот сој на Ковид-19.
Околу пет симптоми секогаш повторно се појавуваат кај заразените луѓе, што сугерира дека тие се оние на кои треба да се внимава. Но, освен болки во мускулите, замор, треска и кашлица, има и една нова необична појава – ноќното потење. Заразените со омикрон, пријавуваат дека се будат со постелнина, пижами и коса натопена со пот, пишува британски „Сан“.
Еден општ лекар во Јужна Африка иинформирал дека тоа станува „главен симптом“ во неговата земја.
Лекарите забележале и дека пациентите не страдаат од воспаление на грлото, што е симптом кој понекогаш е предизвикан од сојот делта, туку дека грлото само ги „гребе“. Тие истакнуваат дека новите случаи на инфекција со омикрон имаат претежно благи симптоми слични на грип.
Пациентите со омикрон, исто така, не пријавуваат губење на чувството за вкус и мирис, што беше главен симптом на претходните инфекции со корона.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.