Оваа година, велигденските служби во Ватикан ќе ги водат неколку кардинали, а папата Францискo, кој се опоравува поради болест, нема да учествува во масите, соопшти прес-службата на Светата столица.
Се забележува дека мисата на Велигденското бдение во базиликата „Свети Петар“ на Велика сабота, 19 април 2025 година, ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, по упатства на папата Франциско, пренесува „Ватикан њуз“.
Во недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот „Свети Петар“.
Кардиналот Доменико Калкањо ќе претседава со миса за мир во базиликата „Свети Петар“ наутро на Велики четврток, по наредба на Папата.
Мисата на страдањата Господови на Велики петок во базиликата „Свети Петар“, во име на Папата, ќе ја предводи кардиналот Клаудио Гуџероти.
Папата беше хоспитализиран на 14 февруари во болницата „Џемели“ во Рим поради тешка респираторна инфекција. Првично бил лекуван од бронхитис, а потоа му била дијагностицирана билатерална пневмонија.
Ватикан на 21 март објави дека папата полека ја враќа силата.
Папата беше отпуштен од болница на 23 март и моментално се опоравува во папската резиденција Каса Санта Марти, пренесува Танјуг.
Текстот Папата Францискo нема да ги води велигденските служби во Ватикан е превземен од МАКФАКС.