Гастроинтестиналните операции носат со себе ризик од протекување течност, потенцијално по живот опасна компликација, а моментално не постои никаков добар начин за откривање на таквото протекување, кое ако не се открие навреме, може да го продолжи времето на хоспитализација и да предизвика дополнителни компликации, па дури и да резултира со смрт.
Истражувачи од американскиот Универзитет Нортвестерн и Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон ја развија првата паметна лепенка која на клиниките им овозможува следење на здравјето на органите и длабоките ткива на пациентите со едноставен ултразвучен уред.
Кога ќе се прицврсти ан органот, меката минијатурна лепенка го менува обликот како одговор на променливите pH нивоа, што може да послужи како ран знак на предупредување на компликации после операцијата како што е ислевањето на анастомоза. Така докторите можат да ги видат тие промени на обликот во реално време преку ултразвучно снимање.
Моментално ниедна постоечка метоа не може прецизно и неинвазивно да открие истекување на анастомоза, состојба опасна по живот која се јавува кога гастроинтестиналната течност ќе излезе од дигестивниот систем. Откривањето ан истекувањето со помош на лепенката може да овозможи навремена интервенција. Потоа, кога пациентот целосно ќе закрепне, биокомпатибилната и биоресорптивна лепенка едноставно се раствора и нема потреба од хируршко отстранување.
Лепенката во телото може да се вметне со минимална инвазивна постапка, па дури и да се имплантира со инјекција.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.