Пакистанскиот суд денеска ги осуди поранешниот премиер Имран Кан и еден од неговите партиски заменици на по 10 години затвор, откако ги прогласи за виновни за оддавање државни тајни.
Кан е осуден поради тоа што објавил содржина на доверлива телеграма испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон во 2022 година. Тој се изјасни за невин и тврдеше дека содржината на дипломатската депеша претходно била објавена во медиумите од други извори.