Паднаа друштвените мрежи. Сите корисници на фејсбук, месинџер, инстаграм повеќе половина час се исфрлени од систем. Тие не можат да влезат во своите профили. Не се работи за локален проблем. Корисници ширум светот се жалат дека се одјавени од нивните профили и не можат да се вратат.
Според официјалните податоци на downdetector.com, во моментов Мета и сите нејзини производи како што Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, како и дел од сервисите на Гугл, се комплетно паднати.
Според првичните информации, се работи за поголем глобален проблем на којшто во моментов се работи. Според неофицијални извори и објави на Твитер, станува збор за хибриден напад предизвикан од географското подрачје на Азија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.