Алфред Гисласон го продолжи договорот со репрезентацијата на Германија непосредно пред почетокот на Европското првенство 2022.
„Задоволен сум што можам да продолжам со работата во репрезентацијата. Спортската анализа по Олимписките игри веќе ја вклучивме во нашата работа“, изјави Гисласон.
62-годишникот ќе ги води најдобрите германски репрезентативци до 2024 година. Негов последен турнир, ако претходно не добие нов договор, ќе биде оној на Олимписките игри во Париз.
Германија на ЕП 2022 ќе игра во групата Д заедно со Австрија, Полска и Белорусија.