Палеонтолозите во Египет, откриле фосил на досега непознат вид кит, кој живеел пред околу 41 милион години, откриле палеонтолозите во Египет, пишува „Гардијан“.

Китот кој е именуван како „Tutcetus raianensis“, долг само 2,5 метри, е најстариот член на овој вид кој живеел во океанот. Според експертите, овој морски цицач веројатно имал краток живот.

Истражувачите велат дека го откопале фосилот во близина на Вади ел Хитан во Египет, место каде што можат да се најдат многу фосили од антички китови. Откако го откриле, на почетокот не им било јасно што точно пронашле.

Д-р Хешам Салам, основачот на Центарот за палеонтологија, на Универзитетот „Мансура“, рече дека тимот првично пронашол еден заб во блок од варовник, кој датира од еоценот, период кој траел од 55,8 до 33,9 милиони години.

„Потоа, кога се обидувавме да го поправиме и да го исчистиме целиот талог над фосилот, откривме дека тоа не е нешто, што обично е од тој временски период“, рекол тој.

Китот го добил името „Tutcetus raianensis“, по египетскиот фараон Тутанкамон, во комеморација на откривањето на гробницата на фараонот, пред еден век и областа Вади ел Рајан во Египет, каде што бил пронајден фосилот.

Според тимот на Салам, фосилот е вид на кит познат како базилосаурид – изумрена група, за која се смета дека се првите китови кои живееле исклучиво во вода, за разлика од другите рани китови кои живеела и на копно.