Новата сезона во Формула 1 ќе започне со трка во Австралија на 16. март и ќе биде прва во која ќе се возат 24 трки. Сезоната ќе заврши на 7. декември во Абу Даби.

Титулата ја брани Макс Ферстапен, кој со Ред Бул освои четири светски шампионски титули. Холанѓанецот е исто така најплатен возач во Формула 1.

Во сезоната 2025, Ферстапен ќе заработи 65 милиони долари.

А што е со платите на другите возачи:

Втор најплатен возач е новиот член на Ферари, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, со плата од 60 милиони. Неговиот тимски колега, Шарл Леклер ќе заработи 34 милиони.

Фернандо Алонсо во Астон Мартин и Ландо Норис во Мекларен имаат плати од по 20 милиони долари, додека Џорџ Расел има 15 милиони долари во Мерцедес.

Карлос Саинц во Вилијамс и Пјер Гасли во Алпин ќе заработат по десет милиони оваа сезона. Вилијамс му плаќа на Алекс Албон два милиони помалку, а Нико Хулкенберг (Кик Заубер) и Естебан Окон (Хас) ќе добијат по седум милиони.

Оскар Пјастри ќе заработи шест милиони во Мекларен, Ленс Строл половина од оваа сума во Астон Мартин.

Габриел Бортолето (Кик Заубер), Јуки Цунода (Рејсинг Булс) и Кими Антонели (Мерцедес) ќе заработат по два милиони, додека Оливер Берман (Хас) и Лиам Лосон (Ред Бул) по еден милион. Сума меѓу 500.000 и еден милион евра ги чека Џек Духан (Алпин) и Исак Хаџар (Рејсинг Булс).

Текстот Откриени платите на Ф1-возачите за оваа година, разликите се огромни е превземен од МАКФАКС.