
Oсум лица загинаа, а уште седум се ранети во пукање кое се случило вчера во трговски центар во американската држава Тексас, објави Си-ен-ен. Вооружениот напаѓач кој стрелал во луѓето, исто така, е убиен. Тој бил „неутрализиран“ откако еден од полицајците слушнал пукање и го лоцирал напаѓачот.
Првично, полицијата се сомневала дека има уште еден напаѓач, но подоцна е потврдено дека имало само еден.