Во зимските денови во секој дом кој се грее најчесто се среќаваме со проблемот на сушење на воздухот. Ова е решение за освежување на воздухот на кое вашето тело ќе му биде благодарно:

1. Ставете садови со вода на радијаторот

Набавете керамички сад кој можете да го закачите на радијаторите, а потоа додадете малку етерично масло од еукалиптус, нане, лаванда, кои имаат прекрасен мирис и имаат бројни благотворни ефекти за вашето здравје, односно респираторниот тракт.

2. Вентилација на просторијата

Проветрувајте ги просториите најмалку три пати на ден, односно мора да внимавате при отварањето на прозорците, бидејќи колку е постуден воздухот надвор, толку повеќе ќе ја црпи влажноста во просторијата.

3. Сушење алишта до радијаторот

Не сушете ги алиштата во некои посебни простории, туку исушете ги веднаш до радијаторите, бидејќи така алиштата ќе испарат и ќе ја задржат влажноста во просторијата.

4. Зовриена вода со цитруси

Во едно тенџере ставете малку вода на оган и во неа исечете парчиња лимон и портокал и оставете малку да зоврие. Така ќе ја подигнете влажноста на воздухот, а мирисот на овошје ќе ве расположи.