Снабдувањето на гас и нафта од Русија е „загарантирано“ за Унгарија, а секој друг извор на енергија е несигурен и поскап, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Ниеден разумен човек не би разменил нешто сигурно за нешто неизвесно“, рече Орбан денес во подкастот „Fight Hour“, како што објави унгарската агенција MTI. Унгарскиот премиер рече дека испораката на енергија од Русија е „загарантирана“ и дека цената е пониска отколку од другите земји. Доколку Унгарија купува нафта и гас од други земји по повисока цена, ќе мора да им наплаќа повеќе на своите жители, рече Орбан.
Унгарија, Словачка и Чешка се три европски земји на кои им се дадени ослободувања од европските санкции за увоз на руска нафта. Чешка оттогаш обезбеди други извори на снабдување, но Унгарија и Словачка продолжуваат да увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот Дружба.
фото: принтскрин
Текстот Орбан: Секој друг извор на нафта и гас освен Русија е несигурен и поскап е превземен од МАКФАКС.