Одбојкарките на Работнички Скопје по вторпат во историјата дојдоа до прволигашката титула и ја обединија „двојната круна“ со нова победа над Јанта Волеј во „мајсторката“ со сигурни 3-0 во сетови (25-
Advertisements
Одбојкарките на Работнички Скопје по вторпат во историјата дојдоа до прволигашката титула и ја обединија „двојната круна“ со нова победа над Јанта Волеј во „мајсторката“ со сигурни 3-0 во сетови (25-17, 25-14, 25-21).
Јанта Волеј влезе со предност од 2-0 во финалната серија, меѓутоа откако остана без украинските одбојкарки кои си заминаа, ја испушти предноста и Работнички со три победи во низа тимот на Душко Деспотовски се врати на тронот.
Натпреварот започна со доминација на Работнички, екипата уште од старт тргна со сигурни поени и на ривалот му избега на 12-3. Јанта Волеј беше ставена во подредена позиција и цело време бркаше, но не успеа да дојде близу, па дамите во црвено-црно го добија првиот сет со 25-17.
Слична беше ситуацијата и во вториот сет, затоа што Работнички повторно отвори одлично. Идентично како и во првиот сет, се имаше предност од 10-6, потоа се поведе и двоцифрено, со 16-6, па се приведе кон мирен финиш и предност во сетови од 2-0. Третиот решавачки сет беше далеку понеизвесен и изедначен. Прв удар зададе тимот на Работнички кој се одлепи на 21-18, а потоа иако Јанта дојде на 22-21, следеше поен од сервис за 23-21, па Баталаковска со два поени го затвори мечот.
Капитенката на Работнички, Тамара Стојанова беше најдобра кај победникот со осум поени, Ѓурѓевиќ исто така имаше осум, пред Баталаковска со седум./Гол.мк