Оклахома сити Тандер ги декласираа Денвер Нагетс во мајсторката и се пласираа во финлето на Западот. Седмиот меч од полуфиналната серија Тандер го добија со 125:93 (21:26, 39:20, 37:26, 28:21).

Денвер подобро влегоа во натпреварот, стекнаа двоцифрема предност, но играта им се распдна во последните 90 секунди од првиот период кога Јокиќ седна на клупата. Од крајот на првата и почетокот на втората четвртина Тандер направија серија 13:0 го презедоа водството и не го испуштија до крајот.

До финишот на вториот период Денвер некако се држеше на минуус од три поени, но Тандери со две серии од по 7:0, заминаа на полувреме со 60:46.

Ништо не се промени во почетната фаза од третата четвртина. По само две минути, Оклахома постигна девет поени и стигна до огромни +23 – 69:46. Третиот период Тандер го завршија со +25 (97:72), а кога по три минути од последниот период разликата надмина 30 поени, тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, ги повлече стартерите од теренот и реши да ја „испразни клупата“.

Оклахома доминираше во офанзивниот скок (15), со агресивната одбрана, особено над Јокиќ го натера Денвер на 23 загубени топки. Нагетс лошо шутираа за три поени, погодија само осум тројки од 42 одбини (19 отсто).

Шеј Гилџис-Александер го заврши натпреварот со 35 поени. Вилијамс постигна 24 поени со седум асистенции, а Холмгрен запиша дабл-дабл со 12 поени и 11 скока.

На другата страна, Никола Јокиќ запиша 20 поени, девет скока и седум асистенции, но вистинска поддршка доби само од Кристијан Браун (19 поени, четири скока, три асистенции), Џамал Мареј постигна 13 поени, со 30 отсто реализиција од поле. Арон Гордон се појави на теренот и покрај повредата, мечот го заврши со осум поени и 11 скокови.

Оклахома во финалето на Западот ќе игра против Минесота, серијата ќе започне во среда од 2.30 часто по македонски време.

Текстот Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката е превземен од МАКФАКС.