Големата победа на Украина на синоќешната Евровизија беше проследена со посебно внимание во Украина.

Тамошната државна телевизија го емитуваше натпреварот, кој го коментираше Тимур Мирошченко, кој се наоѓаше во засолниште од кое коментираше што се случува на сцената во Торино.

Кога беше објавено дека публиката на Украина и дала неверојатни 439 поени и дека победила на Евровизија, Мирошченко не можел да ја сокрие радоста.

На TikTok се појави снимка од неговата реакција и јасно е дека бил во транс од среќа што Украина доби таква поддршка од Европа.

Екипата на украинската телевизија направи импровизирано студио во прифатилиштето за првата полуфинална вечер, а Мирошченко добро се снајде без разлика на околностите.