Одбојкарките на Работнички ја одбранија ланската куп-круна, откако денеска славеа во финалето со 3-1 во сетови против Наковски Волеј, во финалето на завршниот турнир во Купот на Македонија, кој се играше во Радовиш.
Иако Наковски Волеј го освои првиот сет со 25-23, одбојкарките на Работнички успеаа да ги освојат следните три, прво со 25-18 за да се вратат во мечот, па во неверојатно возбудливиот трет сет по голема борба со 30-28 за да поведат, а потоа во четвртиот сет со најубедлив настап и само 16 загубени поени да победат (25-16).
Тамара Стојанова со 17 поени беше најдобра, а Баталаковска и Ѓурѓевиќ имаа по 16 поени, како најдобри поединки кај Работнички и клучни за куп-трофејот./sport1.mk