Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 19-годишниот С.А. од село Кондово, скопско, 22-годишниот М.И. и 20-годишниот Р.Ф., двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.
Текстот Ограбени малолетници на автобуска станица во Скопје: уапсени тројца разбојници е превземен од МАКФАКС.