Овој напиток го зајакнува организмот, ја чисти крвта, се бори против вирусите и го зајакнува имунитетот.
Лековитиот напиток од лук го забрзува метаболизмот и го елиминира вишокот масти од организмот.
Покрај тоа, го отстранува вишокот соли и позитивно влијае на нашето општо здравје.
А тоа што е најважно е дека многу лесно се подготвува.
Потребно ви е:
12 чешниња лук
½ литар црвено вино
Подготовка:
1. Исецкајте ги исчистените чешниња лук на четвртинки и ставете ги во тегла.
2. Додадете половина литар вино.
3. Затворете ја теглата и држете ја на сончево место околу две недели.
4. Неколку пати во текот на тие две недели протресете ја теглата.
5. По две недели, процедете ја содржината на теглата и течноста ставете ја во стаклено шише.
Земајте по една кафена лажица од напитокот барем три пати во денот околу еден месец.
До наредниот третман направете пауза од шест месеци.