реклама
НЕКОИ делови од зеленчукот често завршуваат во ѓубрето иако се јадат. Обично имаат поголема хранлива вредност и се исклучително вкусни. Доколку барате алтернатива за зелена салата или спанаќ, ние го имаме решението.
Излегува дека не само ротквицата е вкусна и богата со вредни својства, туку и нејзините лисја. Имено, листовите од ротквицата се всушност највредниот дел од тој зеленчук. Богати се со витамини од групата Б, витамин Е и витамин Ц. Содржат и железо, фосфор, магнезиум и калциум.
реклама
Сите наведени супстанции имаат фантастичен ефект врз здравјето и убавината. Пред сè, тие го подобруваат изгледот на кожата и косата, го зајакнуваат имунитетот и го поддржуваат метаболизмот. Покрај тоа, тие го чистат телото од токсини, имаат антиинфламаторно дејство и ја поддржуваат работата на црниот дроб и дигестивниот систем.
На што да додадете лисја од ротквица?
реклама
Листовите од ротквица имаат зачинет вкус. Можете да ги додадете во секое јадење за кое обично користите спанаќ. Ќе биде одличен додаток на супи и сосови, а може да се користи и како основа за зелена салата. Листовите од ротквица може да се користат и за подготовка на вкусно песто, намаз за сендвичи или смути од зеленчук и овошје.
реклама