Дејството на антителата кои произведуваат „мемориски Б-клетки“ на имунолошкиот систем може да биде многу значајно во случајот со омикрон варијантата на коронавирусот, дури и ако тие се ослабени, сметаат научниците.
Како што телото учи да го препознава САРС-КоВ-2, било по природна инфекција или по вакцинација, Б-клетките произведуваат свежи антитела против вирусот ако нема доволно антитела кои циркулираат во крвта што можат да го неутрализираат.
Б-лимфоцитите или Б-клетките припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма клетки кои лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“ кој може да се прилагоди на нови или изменети патогени.
Колку подолго Б-клетките остануваат во телото, толку подобро имунолошкиот систем се бори со вирусот.
Б-лимфоцитите заедно со Т-лимфоцитите играат витална улога во одбраната на телото. Нивната главна функција е да произведуваат антитела (имуноглобулини) по активирањето и преминувањето во плазма клетки и да преминат во категоријата мемориски клетки.
Ако Б-клетките се активираат преку овие тела на туѓи антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки кои произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот.
Приближно 5 до 15 проценти од лимфоцитите во крвта се Б-клетки, а тие се присутни и во слезината, лимфните јазли и крајниците. Нивната примарна функција е производство и лачење на антитела. Б-лимфоцитите произведуваат антитела само кога се активираат. Созревањето на Б-лимфоцитите се одвива во коскената срцевина, но нивното активирање се случува во лимфните јазли.
Во студија објавена на веб-страницата „bioRxiv“, која допрва треба да се прегледа, истражувачите ја анализираа јачината на повеќе од 300 антитела произведени од мемориските Б-клетки, добиени од вакцинирани доброволци, но и луѓе кои природно ја надминале инфекцијата со корона.
Омикрон се чини дека успеал да избегне многу голем дел од мемориските Б-клетки“, велат истражувачите, но додале дека „се чини дека сè уште е ефикасно препознаен од 30 отсто од вкупните антитела и близу 10 отсто од сите моќни неутрализирачки антитела.
Ова го заклучиле Матие Махевас и Паскал Шапер, научници од Универзитетот во Париз.
Тие веруваат дека силната способност на мемориските Б-клетки да се репродуцираат и произведуваат антитела може да ја компензира нарушената ефикасност на овие антитела за помалку од два дена.
Во комбинација со другите компоненти на имунолошкиот систем, особено со Т-клетките, ефектот на Б-клетките веројатно придонесува за објаснувањето зошто повеќето вакцинирани лица заразени со омикрон не се разболуваат доволно за да им биде потребна хоспитализација, велат француските научници.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.