Ако печурките спаѓаат во вашите омилени намирници кои често се во вашето мени, ќе ве воодушеви веста дека овие плодови се исклучително здрави.
Еве поради што печурките се добри за вас:
1. Помагаат при слабеење
Резултатите од истражувањата покажаа дека консумирањето на печурки може да го регулира нивото на глукоза во крвта, со што слабеењето ќе биде олеснето, ообено кај жените.
2. Богати се со хранливи материи
Витаминот Д е многу значаен за здравјето, а неговиот недостаток тешко може да се надокнади со суплементи. Покрај бројните видови на зеленчук, печурките се одличен извор на витамин Д.
3. Ги зајакнуваат коските
Покрај корисниот витамин Д, печурките содржат и калциум кој е исклучително важен за здравјето на коските.
4. Им помагаат на лицата кои страдаат од дијабетес
Печурките се намирница која се препорачува како составен дел од менито на лицата кои страдаат од дијабетес. Тие содржат природен инсулин и ензими кои помагаат организмот да го разложи шеќерот и скробот во други намирници.
5. Го зајакнуваат имунитетот
На имунолошкиот систем влијае начинот на исхраната и со соодветна храна можете да го зајакнете. Печурките се идеална храна за вашето здравје, тие содржат доста антиоксиданти и хранливи материи. Некои научни истражувања покажале дека овие вкусни плодови го намалуваат ризикот од појавата на рак на дојка и рак на простата.