Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави неколку фотографии од Саудиска Арабија, поточно од Ријад.
Објавата на тенисерот го привлече вниманието на обожавателите, кои во коментарите му напишаа дека можеби треба да се проба во манекенството.
„Сакам кога Новак позира како манекен“, „Леле, какви фотографии“, „Покрај сите трофеи, медали, победи, спортски дух, младешки изглед, нема сомнеж колку убаво ти прилега манекенскиот стил“, „Прекрасни фотографии“ , „Кој е овој манекен?“, „Јелена е навистина среќна жена“, продолжија коментарите.
И неговата сопруга Јелена ги забележа бројните реакции на објавата на Новак.
„Во ред, девојки, смирете се“, се пошегува таа. Нејзиниот коментар собра 2.500 лајкови.
Текстот Обожавателките ги пофалија фотографиите на Новак од Ријад, Јелена им порача: Девојки смирете се е превземен од МАКФАКС.