реклама
Важно е како и со што го јадете.
Нутриционистот Страхиња Кукиќ на својот Инстаграм профил го објасни влијанието на конзумирањето компири и истакна една од најголемите заблуди – дека компирот дебелее.
реклама
Како што рече, компирот во последните години буквално е демонизиран.
„Компирите кога се сварени се еден вид пребиотик. Кога малку ќе се излади, внатре станува како пребиотик. Компирите ги хранат добрите бактерии во цревата. И тоа е основата“, вели Кукиќ.
реклама
Вели дека често препорачува да вечерате компири, зеленчук и зачинете со масло и додава дека тоа е „нашата стара вечера“.
„Доколку компирот се свари во кора или се пече во кора, тој има понизок гликемиски индекс и помага да се нахранат добрите бактерии во цревата (под услов да е изладен). За луѓето кои имаат дигестивни проблеми, не се препорачува комбинирање на компирот ниту во таа форма со храна од животинско потекло“, објаснува нутриционистот.
реклама