Голманот на Баерн Минхен, поради операција ќе биде надвор од фудбалските терени месец до месец и половина, објави новинарот Флоријан Плетенберг на Твитер.
Местото на Ноер во баварскиот тим ќе го заземе резервниот голман Свен Улрајх.
Според Плетенберг, преговорите за продолжување на договорот на 35- годишниот Ноер ќе продолжат.
Договорот на играчот со клубот од Минхен е со важност до 30 јуни 2023 година. Ноер вчера беше опериран на десното колено. Голманот оваа сезона забележа 28 настапи за Баерн и прими 28 гола.