Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека не е сигурен дали да го депортира Елон Маск, објави дописничката на „Дејли меил“ Емили Гудин за X.
„Го прашав претседателот Трамп дали би го депортирал Елон Маск, а тој рече дека ќе мора да го разгледа тоа“, објави Гудин.
Подоцна таа го објави одговорот на Трамп на прашањето дали би го депортирал Маск.
„Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе треба да испратиме DOGE кај Елон. Знаете ли што е DOGE? Тоа е чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Елон“, рече Трамп.
Текстот Новинарка: Ќе го депортирате ли Маск? Трамп: Не знам, ќе мора да видиме е превземен од МАКФАКС.