Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот турски град Кахраманмарас, а потоа уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди истото подрачје.
Првиот земјотрес се случи во 12:19 часот по локално време, а потоа следеше уште еден земјотрес на истата локација, чија магнитуда беше 4,3 степени според Рихтер.
Засега нема информации за материјална штета и евентуални жртви.
Да потсетиме, Турција и дел од Сирија на 6 февруари беа погодени од разорен земјотрес во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а беа повредени до 100.000 луѓе. Градовите практично беа срамнети со земја, а претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган најави брза обнова на уништените подрачја.