Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Текстот Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар Ервејс“ е превземен од МАКФАКС.