реклама
Дишете и избројте до пет. Сега издишете и избројте до пет. Дали се чувствувате поспано? Докторот Кунал Сод тврди дека оваа вежба за дишење е најдобар начин побрзо да заспиете по долг и стресен ден.
„Начин број еден за подобрување на сонот е да се дише со резонантна фреквенција“, вели неидентификуваниот маж, со кого се согласил и д-р Сод.
реклама
Вежбата не може да биде поедноставна. Сè што треба да направиме е полека да вдишуваме и издишуваме, броејќи до пет.
„Ова ќе го забави вашето дишење до околу шест вдишувања во минута и ќе ја зголеми варијабилноста на отчукувањата на срцето. Кога ќе ја подобрите варијабилноста на отчукувањата на срцето, вашиот парасимпатичен нервен систем ќе се активира што ќе ви помогне да заспиете побрзо и да го подобрите квалитетот на спиењето. Има дури и истражување кое покажува дека тренингот со резонантно фреквентно дишење може да ја намали анксиозноста и да ги подобри когнитивните перформанси“, објасни докторот.
реклама
Тврдењата на лекарот се поддржани од Националниот институт за здравје, кој вели: „Тренирањето со резонантно дишење го намалува стресот, крвниот притисок и го подобрува расположението“.
Видеото погледнете го ТУКА