Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху денеска ја посети северната граница на Израел со Либан и изјави дека Израел е подготвен за „многу силна акција на северот“.
-Кој мисли дека може да не повреди и дека ќе седиме мирно, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. Вака или онака, ќе ја вратиме безбедноста на северот, рече Нетанјаху.
Градови во северниот дел на Израел беа честа цел на воздушни напади на либанската милитантна група Хезболах, а оваа недела нападите предизвикаа шумски пожари што се проширија низ северот на земјата.
Непријателствата меѓу Израел и Хезболах кулминираа во 2006 година кога тие водеа војна и десетици илјади луѓе од двете страни на конфликтот беа принудени да ги напуштат своите домови.