Нешто повеќе од половина час пред смртта, Лиам Пејн (31) објави фотографија на Snapchat со својата девојка Кејт Кесиди (насловна фотографија).
Парот позирал во огледало, во костими за капење. „Прекрасен ден во Аргентина“, напиша тој на Snapchat и додаде фотографија од хотелот пред кој подоцна беше пронајден мртов. „Среќен сум што успеав малку да побегнам“, додаде тој.
Половина час подоцна, британската поп ѕвезда е пронајдена мртва пред хотелот, откако паднала од третиот кат. Очевидци изјавија за ТМЗ дека инцидентот се случил веднаш по 17 часот по локално време.
Си-ен-ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата. Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лиам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.
Текстот Непосредно пред смртта, Лиам Пејн објави фотографија со својата девојка на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.