Неколку лица се водат како исчезнати откако два товарни брода се судрија во Северното Море кај Германија, соопшти денеска Централната команда за поморски вонредни состојби.
Несреќата се случила утрово на околу 22 километри југозападно од островот Хелголанд и 31 километар североисточно од островот Лангеог, се вели во соопштението.
Потрагата по исчезнатите е во тек.