Неделна астролошка прогноза за периодот од 14 до 20 април 2025 година.

Овен

Работа: Во среда ќе имате сериозен разговор со шефот за вашата идна улога – не влегувајте неподготвени.
Љубов: Поранешната љубовница би можела да ве контактира преку социјалните мрежи, што ќе ве збуни повеќе отколку што мислите.
Здравје: Главоболките и несоницата можат да ве следат до викенд – ви треба повеќе сон и помалку грижи.

Бик

Бизнис: Во четврток ве очекува важна финансиска одлука – не верувајте само на вашата интуиција, барајте конкретни бројки.
Љубов: Партнерот ќе покаже љубомора – не одговарајте со напад, туку со отвореност. Слободните бикови би можеле да запознаат некого преку семеен собир за Велигден.
Здравје: Ќе почувствувате напнатост во вратот и рамената – време е за масажа или релаксирачка прошетка.

Близнаци

Работа: Во понеделник ќе добиете ненадејна покана за деловна соработка – нема да имате многу време да донесете одлука.
Љубов: Слободните Близнаци би можеле да почнат да флертуваат со личност од нивниот круг на пријатели. Ќе бидат зафатени со сериозен разговор за идните планови.
Здравје: Можна несоница и исцрпеност – подобро организирајте го денот и не прескокнувајте оброци.

Рак

Работа: Неделата ќе биде помирна, но во петок ве очекува важна задача – ако добро ја направите, ќе следат пофалби.
Љубов: Партнерот ќе ве изненади со нежност и поддршка. Слободните би можеле да запознаат некој посебен на Велигденски собир.
Здравје: Ќе почувствувате емоционален замор – повлечете се и наполнете ги батериите низ тишина и мир.

Лaв

Работа: Вторник носи промена во проектот на кој работите – вашата приспособливост ќе биде клучна.
Љубов: Можни се недоразбирања со партнерот околу организацијата на празникот – се се решава со искрен разговор.
Здравје: Проблеми со варењето – внимавајте на прејадување, особено на Велигден.

Девица

Работа: Во четврток ќе добиете неочекуван мејл кој може да ви ја отвори вратата за важна соработка.
Љубов: Некој од минатото би можел да ве контактира со емотивна порака. Зафатените ќе чувствуваат зголемена блискост.
Здравје: Можни главоболки и напрегање на очите – избегнувајте премногу екрани.

Вага

Работа: Во среда ќе мора да преземете туѓи обврски – внимавајте некој да не ве искористи.
Љубов: Во сабота би можеле да ве изненади повик од личноста со која сте се оддалечиле. Партнерите не треба непотребно да влегуваат во дискусии.
Здравје: Можна исцрпеност кон крајот на неделата – Велигден посветете си на себе, не само на другите.

Шкорпија

Работа: Во петок ќе дојде до несогласувања со колега – одржувајте професионален однос.
Љубов: Вашиот партнер може да постави прашање за довербата – бидете искрени. Слободните можат ненадејно да се заљубат, но нема да бидат сигурни дали чувството е взаемно.
Здравје: Ментална напнатост и недостаток на сон – обидете се да се опуштите со музика или тишина.

Стрелец

Работа: Можно е да одбиете понуда која изгледа добра на хартија – слушајте го вашиот внатрешен глас.
Љубов: Велигден носи помирување со личноста со која сте во судир. Партнерите би можеле да разговараат за заеднички живот.
Здравје: Искористете го вишокот енергија за движење и поминување време во природа.

Јарец

Бизнис: Вторник е клучен ден – се решава нешто што долго го чекавте.
Љубов: Партнерот ќе ве изненади со нешто што потајно сте го посакувале. Нова љубов ги чека самците на семејно собирање.
Здравје: Ќе чувствувате напнатост во мускулите – размислете за лесни вежби.

Водолија

Работа: Вашата идеја ќе биде прифатена, но ќе добиете и дополнителни обврски – добро распоредете го времето.
Љубов: Во петок би можеле да доживеете страстен момент кој целосно ќе ве собори од нозе.
Здравје: Можни се проблеми со циркулацијата – избегнувајте долго седење.

Риба

Работа: Проектот што речиси сте го отпишале се рестартира – бидете подготвени.
Љубов: Партнерот ќе покаже повеќе внимание и разбирање, а слободните Риби очекуваат повик од некој што им се допаѓа.
Здравје: Ќе почувствувате промени во расположението – се препорачува престој покрај вода или во природа.

Текстот Неделен хороскоп: Велигденската недела носи промени и нови будења е превземен од МАКФАКС.