Легендарниот дефанзивец на англискиот фудбал е разочаран од одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) да го постави Томас Тухел за нов селектор на националниот тим.
Британските медиуми „ножот“ го дочекаа новиот селектор на Англија, Томас Тухел, таблоидот со голем тираж „Дејли мејл“ именувањето на германецот го нарече „Црн ден за англискиот фудбал“.
Поранешниот десен бек на Манчестер јунајтед и репрезентацијата, Гери Невил исто така го критикува изборот на Тухел.
– Самите си нанесуваме штета… Страшен потег на ФА, мислам дека имаше Англичани поквалификувани за оваа работа од Тухел. Англиските тренери имаат една од најлошата репутација во Европа. Знаете, ние немаме јасен идентитет и не сме изградиле наш, препознатлив стил. Тренери од цела Европа доаѓаат во Премиер лигата и носат свои стилови во нашата игра. Ги копиравме, но според мене англиските тренери треба да изградат сопствен идентитет. Мислев дека тој период на поставување странци на функцијата селектор го оставивме зад нас – рече Невил, кој се обиде да биде тренер.
Кариерата ја заврши неславно, по само 28 натпревари на клупата на Валенсија.
Текстот Невил: Тухел? Лош потег на ФА е превземен од МАКФАКС.