На Клиниката за детски болести ќе се отвори Центар за дебелина за деца и адолесценти, кој ќе биде трет ваков Центар за менаџирање со обезноста во Македонија, откако претходно се отворија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија во Скопје.
Оваа година мотото на одбележувањето е „Ајде да зборуваме за обезноста и…“ што значи сите заеднички, не само професионалци, лекари , туку и здруженија на лица со обезност иако за жал ние немаме официјално регистрирано здружение , исто така и поширока популација, не само за подигнување на свесноста за дебелината како хронична болест, кажа д-р Ахемти.
Дебелината за жал е во подем, како во светски рамки така и кај нас. Последните 30 години дебелината во светски рамки е тројно зголемена и предвидувањата за прогресивниот раст се песимистички, односно се очекува пандемиски раст.
Дебелината може да се превенира навремено преку интервенција на стилот на живоот, од физичка активност, промовирање на здрав живот.
Според д-р Ахемти, не треба да бидат вклучени само секундарното и терциерното здавстсво, туку заедно со Министерството за здравство, со здруженијата да се направи национална кампања во превенцијата на обезноста, во смисла на вклучување на примарното здравство.
Ова го кажувам бидејќи податоците од Мој термин кажуваат дека само 14 илјади имаме регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. Треба да зборуваме отворено со цел да се избегне стигмата, повеќе да се дискутира и да се упати лицето без никакви комплекси за барање на помош, кажа д-р Ахемти.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.