Компанијата Гугл (Гугл) денеска објави дека е поништена антимонополската казна од 1,49 милијарди евра изречена на компанијата од Европската комисија во 2019 година, а која се однесуваше на нејзиното онлајн рекламирање.

Казната беше изречена пред пет години поради наводно мешање на Гугл со конкурентите како Yahoo и Microsoft во онлајн рекламирањето, но Генералниот суд сега утврди дека европските регулатори направиле одредени пропусти во истрагата, пренесува Ројтерс.

Судот во Луксембург најмногу се согласувал со заклучоците од претходната истрага, но поради споменатите пропусти ја поништил казната од речиси 1,5 милијарди евра.

Пресудата не е правосилна, бидејќи може да се поднесе жалба до највисоката судска инстанца на Европската Унија.

Минатата недела, со посебна пресуда на Судот на правдата на ЕУ беше отфрлена жалбата на Гугл и нејзината матична компанија Alphabet против казната од 2,4 милијарди евра, наметната од Европската комисија во 2017 година.