Сидни Свини деновиве е снимена на сет на филмот во кој ќе ја толкува славната боксерка Кристи Мартин.

27-годишната актерка се маскирала во боксерката за потребите на снимањето и нејзините фотографии брзо се проширија на социјалните мрежи.

Многумина напишаа дека Сидни им изгледа непрепознатливо. Таа носеше кафена кадрава перика, сина марама и широка облека за да го прикаже животот на Марта во 90-тите пред нејзиниот сопруг Џејмс да се обиде да ја убие.

„Каква трансформација“, „Жената е одличен секс симбол, но уште поголема актерка“, „Мислам дека ова ќе биде одлична интерпретација“, „Премногу добро“, пишуваат луѓето на Икс.

Текстот Најубавата актерка на светот, фотографирана на снимање на нов филм, изгледа непрепознатливо е превземен од МАКФАКС.