Итна седница за рарзешување на Венко Филиче и Илир Хасани, најверојатно нема да има, јавува ТВ 24. Најверојатно Џафери ќе ја одбие иницијативата, со образложение дека законодавниот дом нема надлежност да расправа за разрешување на министри.

Џафери ја одби иницијативата и кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по понудената оставка на министерот за здравство, побараа да се гласа за предлог одлука за разрешување на Филипче.

Координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митрески за тв 24, вели дека тој воопшто не видел материјали од опозиционерите и истакна дека во нивните изјави се гледа  најмизерна предизборна манипулација.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и Собранието да формира анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за пожарот, но од власта тогаш истакнаа дека треба да се почека да заврши целосната истрага, па потоа да се утврди дали има потреба за формирање на ваква комисија.