Поранешниот француски лекар Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 луѓе, пред судот изјави дека направил „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив.

„Направив одвратни работи. Целосно сум свесен дека овие рани ниту можат да зараснат, ниту да се избришат“, ја објавија медиумите изјавата на 74-годишниот Скварнек на првиот ден од судењето, кое започна во понеделникот во францускиот град Ван, во провинцијата Бретања.

За време на четиридневното судење, Скуарнек ќе се соочи со стотици свои жртви.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 20 години, покрај 15-годишната казна што веќе ја отслужува откако беше прогласен за виновен во 2020 година за силување на дете.

За време на претресот во домот на Скварнек, откриени се повеќе од 300.000 фотографии, 650 видео фајлови со педофилска содржина, како и дневници во кои тој ги детализирал своите активности, покажуваат судските документи.

Наводно, во една од своите белешки, Скварнек напишал: „Јас сум педофил и секогаш ќе бидам“, пренесува „The Guardian“.

Судењето во Ван ќе ги испита случаите на силување што тој го извршил помеѓу 1989 и 2014 година против 158 момчиња и 141 девојче, кои во просек имале 11 години во времето на силувањето и злоупотребата.

Текстот „Направив одвратни работи“: доктор призна што им правел на децата 30 години во својата ординација во Франција е превземен од МАКФАКС.