И тоа е се – потоа ставете го јајцето да се свари и кога конечно ќе го излупите, внатре ве чека кајгана

Сигурно сè уште не сте го пробале ова.

Ако мислевте дека ги знаете сите можни начини за подготвување на јајца, сте се излажале.

Што мислите за правење кајгана без да ја скршите лушпата од јајцето?

Работата во суштина е едноставна, земете свежо јајце, завиткајте го прво во пластична кеса за замрзнување, па ставете го во ракавот на дуксер или чорап, врзете го со гумени ленти од двете страни за да не испадне и енергично протресете го неколку пати.

И тоа е се – потоа ставете го јајцето да се вари и кога конечно ќе го излупите, внатре ве чека кајгана.

Едноставно зар не?

Погледнете го видеото со упатства: