Раџа Наинголан неодамна беше приведен под сомнение за вмешаност во трговија со дрога во Белгија. Поранешниот репрезентативец на Белгија, откако беше пуштен да се брани од слобода, а веднаш по излегувањето од притвор се врати на фудбалските активности во Локерен Темзе, второлигашот за кој настапува.
Наинголан се врати од пензија за да игра за белгискиот тим, а набрзо беше обвинет и уапсен под сомнение за вмешаност во трговија со дрога. По заминувањето, Наинголан опиша како се одвивал целиот процес:
„Ме испрашуваа четири часа. Кога ме изведоа пред истражен судија веќе беше шест часот навечер. Ми рекоа дека цела ноќ ќе ја поминам во ќелија. Се однесуваа како да го апсеа Пабло Ескобар, иако немам никаква врска со случаите со дрога во кои е вклучен мој пријател“, рече Наинголан, а потоа појасни: „Не ми поставуваа никакви прашања за дрогата. Тие само сакаа да знаат каков однос сум имал со оваа личност“.
Теренот е сепак поубаво место, се согласува поранешниот репрезентативец на Белгија:
„Затворот е многу чудно искуство низ кое не би сакал повторно да поминам. Бев претставен како дилер на дрога“.
Текстот Наинголан: Се однесуваа како да го апсеа Пабло Ескобар е превземен од МАКФАКС.