Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за коронавирус во главниот град Пјонгјанг, каде што за само неколку дена се пријавени повеќе од милион случаи на коронавирус.
Северна Кореја го пријави првиот случај на заразен со коронавирус минатата недела откако тамошните власти две години тврдеа дека инфекцијата не постои во Северна Кореја.
Лековите што ги набавила државата не стигнале до луѓето, рече Ким на вонредниот состанок на Политбирото, пред да ги посети аптеките во главниот град, пренесе државната новинска агенција КЦНА.
Ким нареди распоредување на „моќни воени сили“
Ким нареди итно распоредување на „моќни воени сили“ со цел „да се стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“, се додава. Иако властите наредија дистрибуција на националните резерви за лекови, аптеките не беа добро опремени за непречено да ги извршуваат своите функции.
Соседна Јужна Кореја нема да штеди напор да му помогне на Северот да се бори против епидемијата, рече претседателот Јун Сoк-jеол во парламентот, додавајќи дека неговата земја е подготвена да обезбеди вакцини против Ковид и друга медицинска поддршка доколку Пјонгјанг се согласи.
Бројот на заразени со ковид во Северна Кореја е 1 213 550, додека до вчера имало 50 починати.