Жозе Мурињо заработи црвен картон на дербито меѓу Рома и Наполи во Серија А, па судијата го испрати во соблекувална.
Или барем мислеше дека Португалецот ќе замине во соблекувалната, бидејќи последните десет минути Мурињо ги минал зад едно рекламно пано, од каде и натаму давал инструкции на својата екипа.
Тренерот на Рома доби исклучување во 83. минута, но очигледно не ни помислуваше да ја остави работата на фудбалерите и своите помошници, нешто што го потврдува видеото објавено денеска.
За да биде поинтересно, видеото го објави самиот Мурињо на својот Инстаграм профил, а тоа подразбираше и интересен опис.
– Кога немаш билет, а очајно сакаш да гледаш добар натпревар, – напиша Мурињо.
Поради црвениот картон, Мурињо нема да биде на клупата на дуелот меѓу Калјари и Рома кој се игра утре.