Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за најдобар играч на месецот во октомври во Премиер лигата.

Египќанецот постигна пет гола и запиша четири асистенции претходниот месец.Навивачите на „црвените“ особено ќе го паметат хет-трикот што го постигна против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Интересно, на четирите одиграни натпревари во октомври забележа по една асистенција.Салах по четврти пат во кариерата доби ласкаво признание, првпат од март 2018 година.