Погребна компанија од Русија најмила полуголи манекенки да продаваат повеќе ковчези, а јавноста е згрозена.
Московската компанија „Хороним“ ангажирала неколку модели да позираат во долна облека во и околу ковчезите.
Агресивната кампања на социјалните мрежи беше придружена со натпис „Имаме свој персонал од квалификувани агенти, кои ја надгледуваат организацијата на погребот во секоја фаза – од документација до ритуали“. Не е јасно дали разголените девојки се дел од тој кадар.
Секако, контроверзната реклама не помина премногу добро во јавноста, откако многумина на социјалните мрежи изразија револт.