Францускиот фудбалски прволигаш објави вечерва дека ја раскина соработката со тренерот Нико Ковач.
Хрватскиот стратег седна на клупата на Монако минатото лето кога дојде од редовите на Баерн Минхен.
Ковач го остава Монако шестопласиран во тековната сезона во француското првенство со 29 бодови, 17 помалку од водечкиот ПСЖ, но само четири помалку од второпласираната Ница.
По елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампиони, Монако продолжи во Лига Европа и со ефект од три победи и три нерешени ја мина групната фаза и избори пласман во осминафиналето.